27.02.2026 · Новости
Во соработка со Општина Тетово, Saubermacher-Tetovo постави дополнителни плави и жолти контејнери за селекција на пластика и хартија на 29 јавни локации. Во населбата Тетовчанка, на 205 домаќинства им се доделени: плави и жолти канти (120 литри) за пластика и хартија, и црни канти за мешан комунален отпад.
ПОВЕЌЕ20.02.2026
Да се грижиме за природата и придонесеме за чиста и здрава животна средина. Затоа при посета на националните паркови, многу е битно собраниот отпад да го земеме со нас и да го фрлиме во контејнерите поставени во урбаната средина надвор од паркот.
повеќе19.02.2026
„На кафе со Saubermacher“ настан кој овозможува и зајакнува дијалог со засегнати страни” Saubermacher Тетово го организираше вториот настан „На кафе со Saubermacher“ во Младинскиот центар во Тетово. Во атмосфера на конструктивен дијалог, Saubermacher Тетово, со партнерот Man and Mountain LLC од Скопје, ги презентираа активностите како дел од ПР и медиумската стратегија „Заедно за почисто Тетово“ , и споделија информации за секојдневното работење на компанијата во обезбедување на услугата за собирање и депонирање на комунален отпад. На настанот присуствуваа претставници на медиумите, граѓанското општество, партнери, соработници како и Државна пазарна инспекција-Тетово. Организаторите ги презентираа тековните и идните активности, вклучувајќи ја кампањата на социјалните медиуми за подигање на свеста кај граѓаните за третманот и правилното одложување на отпад и соработката со локалните институции и медиуми во постигнување на поголем досег. Исто така, беа истакнати неколку иницијативи развиени во рамките на платформата за „Дијалог со граѓаните“: двојазични информативни летоци и дигитални алатки кои им овозможуваат на граѓаните лесен пристап до нивните фактури и можност за регистрација и плаќање од каде било и во кое било време, алатки кои исто така помагаат во надминувањето на предизвиците на неажурираниот локален систем на адреси. Како дел од ангажманот во заедницата, Saubermacher Тетово најави претстојни јавни настани, образовна програма за ученици на возраст од 12 до 15 години и продолжена соработка со Муфтијството на Тетово и другите верски заедници, деловни центри и јавни институции, со цел промовирање на еколошката одговорност. Компанијата, исто така, го потврди своето учество, трета година по ред, во Генералка Викенд, најголемата национална иницијатива за чистење на животната средина. Оваа година, волонтери и институционални партнери ќе ги продолжат напорите за чистење во Тетово, со фокус на Националниот парк Шар Планина, зголемувајќи го успехот од претходните години, во собирање на отпад и расчистување на дивите депонии на територијата на националниот парк. Директниот дијалог со граѓаните останува од клучно значење за подобрување на услугите на Saubermacher Тетово, решавање на предизвиците и градење на доверба. Оттаму, настанот „На кафе со Saubermacher“ , инициран во 2025 година, освен како информативна платформа за активностите на компанијата, претставува и отворен форум на кој поканетите учесници споделуваат мислења, укажуваат на предизвиците и даваат идеи за подобрување на работењето и надминување на пречките. Преку континуиран ангажман и активности за подигање на свеста, Saubermacher Тетово има за цел да ги подобри своите услуги кои придонесуваат кон почиста животна средина и вистински партнерства со заедницата низ целата општина.
ПОВЕЌЕ03.02.2026
Ви ја претставуваме мобилна апликација на Saubermacher која овозможува брз и лесен пристап до вашите сметки и нивно плаќање во време кое вам ви одговара! ✔️ За чисто Тетово – Saubermacher 24/7 на пат, 24/7 онлајн. Преземи ја апликација 𝗦𝗮𝘂𝗯𝗲𝗿𝗺𝗮𝗰𝗵𝗲𝗿 𝗧𝗲𝘁𝗼𝘃𝗼 на Google Play и APP Store.
ПОВЕЌЕ